Прашања и одговори

null

Како да го регистрирате MyKi™ - MK

Како да регистрирам MyKi и да создадам профил?

 

Како функционира лоцирањето на Вашето дете со MyKi ™?

MyKi ™ користи до 12 сателити за да ви покаже каде се наоѓа вашето дете кога тоа е надвор.

Сите сателити во целиот свет работат само на отворена средина и кога детето е надвор и добивате точни информации каде се наоѓа. Кога ја знаете локација и кога Вашето дете се наоѓа во затворен простор  MyKi ™ се поврзува со најблиската ќелија на операторот чија SIM картичка е во часовникот. Кога детето повторно е надвор сателитите повторно ќе ја прикажат точната локација на вашето дете и ја прикажуваат во апликацијата.

Зошто кога детето е во зграда не ја добивам точната локација?

Сите сателити во целиот свет работат само на отворена средина и кога Вашето дете е надвор Вие добивате точна информација каде се наоѓа тоа. На затворен простор кога Вие знаете каде е вашето детеза да се зачува батеријата, MyKi ™ се поврзува со најблиската ќелија преку операторот чија SIM картичка е во часовникот. Тогаш  ја гледате локација со 5 до околу 500 метри разлика во права линија. Кога детето е повторно надвор, оваа разлика ќе се поништи и сателитите повторно ќе ја прикажат точната локација на вашето дете и ќе се прикаже во апликацијата.

Тарифен план

Планът Мтел безкрай XS е подбран специално за сигурността на Вашето дете – той предоставя неограничени разговори, съобщения и мобилен интернет, с които има непрекъсната връзка между Вас и детето Ви.

ВНИМАНИЕ! MyKi™ има нужда от интернет, за да бъдете във връзка с детето Си.

Колку МВ месечно троши часовникот?

MyKi™ троши просечно 50 МВ месечно.

Каква треба да биде СИМ картичката?

SIM картичката во MyKi ™ може да биде на било кој мобилен оператор, но за да функционира часовникот, е потребно во картичката да има интернет и да биде однапред отстранет нејзиниот ПИН код!

Часовникот

Добива ли MyKi пораки?

MyKi ™ не може да испраќа и прима пораки! Единствениот начин да се разменуваат гласовни и текстуални пораки помеѓу родител и дете  е преку користење на чатот во апликацијата.

Како се полни MyKi?

Целосното полнење на батеријата во струја трае околу 120 минути со користење на стандардното 5V USB напојување. Времето на полнење на часовникот во компјутер е двојно повеќе. Отворете го капакот до SOS копчето на часовникот и ќе го видите делот за полнење.

Како се исклучува MyKi™?

Еднаш поврзаниот  MyKi ™ не може да биде исклучен од копчето за вклучување.

Во случај дека сте на јавно место, во кое се наметнува исклучување на телефоните или преминување во режим на летање, часовникот треба да биде исклучен преку вашиот телефон и инсталираната апликација.

Влезете во менито “Settings” и користете ја опцијата “Исклучување на часовникот”.

Како работи MyKi™?

Сите копчиња го активираат екранот. Екранот треба да е вклучен за да се изврши било која команда.

Функции на SOS копчето

SOS копче

Притиснете и држете го SOS копчето. Ќе видите иницирање на појдовен повик кон првиот број кој сте го додале во делот  SOS броеви. Исто така кога MyKi добива повик со SOS копчето го прифаќате дојдовниот повик. Кога часовникот добива говорна порака, со едно притискање на SOS копчето, го слушате.

Отвор за полнење

Гумено капаче

го штити USB отворот на часовникот од влегување на вода и нечистотии во него. Отворете го капачето и ќе го видите отворот за полнење на MyKi.

Што покажува екранот на MyKi?

Екран

се вклучува со еднократно притискање на било кое копче на часовникот. Екранот освен дата и час ја покажува врската со операторот, статус на батеријата, GPS сигнал, добиени награди, непрочитани известувања и мерење на чекори.

Функции на копчето за вклучување и исклучување

Копче за вклучување и исклучување

екранот засветува,  служи за крај на разговор и со долго притискање се вклучува функцијата снимање на гласовна порака.

Функции на копче 1

Копче 1

е стрелка нагоре во телефонскиот именик и служи за засилување на звукот за  време на разговор и воспоставување на повик.

Функции на копче 2

Копче 2

го отвора телефонскиот именик, бира број, прекинува разговор и за време на разговор и воспоставување на повик го намалува звукот.

Како да се јавам од MyKi?

  1. Влезете во Телефонскиот именик и притиснете на Копче 2.
  2. Со Копчињата 1 и 2, кои во Телефонскиот именик функционират како стрелки за нагоре и надолу, најдете го бројот на кој сакате да се јавите.
  3. Задржете на Копче 2 за да воспоставите повик.

Како да примам повик?

При дојдовен повик кон часовникот MyKi, притиснете го SOS копчето за да одговорите на повикот.

Како да ја прочитам текстуалната порака испратена до MyKi?

MyKi може да добие текстуална порака со должина од 20 карактери.

Уклучете го екранот со притискање на било кое копче и ќе ја видите пораката.

ВНИМАНИЕ! Ако притиснете повторно на некое копче, пораката се брише. Нема да можете да ја прочитате по втор пат.

Како да ја слушнете гласовната порака испратена до MyKi?

MyKi може да прима текстуални и гласовни пораки. За да ја слушнете говорната порака, притиснете еднаш на SOS копчето.

ВНИМАНИЕ! Комуникацијата може да се слушне само еднаш!

Како да го зголемам или намалам звукот за време на разговор и воспоставување на повик?

За време на разговорот или воспоставување на повик со Копчињата 1 и 2 можете да го зголемувате или намалувате звукот.

Копче 1 го зголемува, а Копче 2 го намалува звукот.

Како се испраќа говорна порака од MyKi до апликацијата MyKi Watch?

  1. Со притискање на било кое копче уклучете го екранот на MyKi.
  2. Притиснете го копчето за вклучување, кое се наоѓа помеѓу копчињата со бројка 1 и 2 и држете го. На екранот ќе се појави натпис Sound и секундарник кој мери време. Тоа значи дека е започнато снимањето.
  3. Не пуштајте го копчето.
  4. Кажете ја пораката и пуштете го копчето откако ќе завршите со снимањето.
  5. По пуштање на копчето, пораката автоматски ќе биде испратена, а во апликацијата ќе добиеte новa говорна порака од MyKi.

Каде е копчето за мерење на чекори ?

На екранот на MyKi ќе видите човече и бројка до него – тоа е бројот на чекорите направени од Вашето дете во соодветниот ден.

Како да го исклучам MyKi ?

Во случај да се блокира MyKi и е потребно исклучување на часовникот веднаш, користете ја следната комбинација:

  1. 5 пати притискање на SOS копчето
  2. проследено со притискање на копче 1 и копче 2
  3. ќе го исклучите MyKi веднаш

Дали е водоотпорен MyKi?

ВНИМАНИЕ! MyKi не е водоотпорен. Во случај на мокрење, исклучете го MyKi и оставете го да се исуши на крпа, на собна температура. Почекајте 4 часа пред да го вклучите повторно. Ако по вклучувањето не функционира однесете го во продавница наоператорот со фактурата или фискалната сметка од купувањето и потпишаниот договор.

Колку време држи батеријата?

Батеријата има 30 часа мирување. За да го користите часовникот активно во текот на целиот ден, оставајте го MyKi на полнач во текот на ноќта.

Апликација

Мени "Локација"

– локацијата на часовникот MyKi се детектира во базните станици на мобилните оператори и преку GPS сигнал. Оваа икона ја илустрира базната станица на GSM оператор.

– локацијата на часовникот MyKi се детектира во базните станици на мобилните оператори и преку GPS сигнал. Оваа икона илустрира GPS сигнал како број на сателити, од кои се земаат информациите за оваа локација, може да се види долу десно на екранот (слика).

– покажува колку е енергијата на часовникот MyKi во моментот .

Брзина – покажува со колкава брзина се движи Вашето дете во моментот

– копче “зелена слушалка” е копче со кое бирате MyKi.

– копче “портокалова слушалка” е копчето со кое часовникот ќе се јави на конкретен број.

myki_watch – оваа икона во менито Локација покажува каде е Вашето дете на картичката во моментов. Вие можете да го фотографирате вашето дете и да ја размените сликата со онаа на Вашето дете.

Мени "Историја на локација"

– покажува конкретниот час на секоја локација во денот, како и историјата на локациите преку целиот ден до 30 дена наназад.

Безбедна зона – можете да имате две зони за безбедност. Кога ќе влезете во првата зона ќе видите карта. Поместете ја картата така што кругот да ја означи саканата зона. Притиснете го копчето “Продолжи”. Ќе видите опција Активно време на зоната – во неа означете кога вашето дете се наоѓа во оваа зона. По притискање на копчето “Готово”, првата Сигурна зона веќе е обележана и зачувана во апликацијата MyKi Watch. Во случај зоната да биде напуштена  ќе добиете известување.

Ограничување за брзина – оваа функција ви помага да ја пратите брзината со која се движи Вашето дете. Обележете ја брзина над која не очекувате вашето дете да се движи. Ако има ситуација во која ќе се вози во автомобил или во друго возило, добро е да се зголеми брзината однапред. Но, ако изненадувачки брзината се зголеми над очекуваната и поставена брзина од вања страна, веднаш ќе бидете известени.

Чат и гласовна порака

Влезете во апликацијата преку иконата и кликнете во полето “Внесете текст”. Можете да напишете порака од максимум 20 карактери.

Ова ограничување е неопходно, бидејќи подолг текст не може да биде прикажан на екранот на MyKi. Но, можете да испраќате неограничен број на пораки. Во истото мени на апликацијата можете да примате гласовни пораки од Вашето дете. Притиснете на пораката за да слушнете што ви
праќа детето.

Активност на детето

Во апликацијата MyKi Watch се поставени стандардни параметри за детската активност. Кога вашето дете ќе стави MyKi на раката, часовникот детектира чекорите и неговата активност. Врз основа на ова,  MyKi заклучува дали вашето дете се движи доволно или има потреба од поголема активност. Во горниот дел на екранот има календар на активности, а во прозорецот со активноста има икона за подесување со која ако ја притиснете го снимате секојдневниот живот на вашето дете – кога се разбудило и кога ќе си легне. MyKi знае дали вашето дете е сеуште будно или веќе се подготвува за спиење. Ако MyKi престане да ги брои чекорите на вашето дете додека уште е будно, треба да го промените часот во календарот и да ги подесете согласно навиките на детето.

Од каде да испратам награда за детето?

Во менито Активност во долниот дел на екранот ќе видите срце. Лево на срцето има знак минус, а од десната страна има знак плус. Вие можете да испратите на детето во секое време награда срце. Кога ќе притиснете плус му испраќате срце. Ако процените дека сте незадоволни може да притиснете на срцето со минус. На екранот на MyKi вашето дете ќе добие информација за ново срце или за намалување на срцињата.

Како се користи алармот?

Во апликацијата MyKi Watch можете да поставите до три аларми со кои ќе го будите вашето дете или ќе го потсетувате за различни активности во текот на денот. На секој аларм можете да поставите денови во кои ќе биде активен алармот и час во кој ќе се активира.

Како да дознаам каде е моето дете?

Иконатаmyki_watch во менито Локација покажува каде е Вашето дете на картата во моментот. Вие можете да го сликате вашето дете и да ги размените сликите со онаа на Вашето дете.

Како да ставам слика од детето во апликацијата?

Горе лево во апликацијата има фотоапарат. Кога ќе го притиснете, постои веројатност телефонот да ви побара дозвола за апликацијата MyKi Watch да ја користи камерата, одобрете,  сликајте го вашето дете и ќе ја видите промената веднаш.

За што е функцијата "Најди часовник" и како се користи?

Во случај MyKi  да e изгубен или симнат од раката на детето и не знаете каде е, преку оваа функција ќе можете да го најдете MyKi. Притиснете го копчето ѕвони и MyKi ќе започне да испушта звук преку кој ќе можете да го најдете.

Што е “Историја на настаните”?

Ова мени е информативно и ги чува последните 100 јавувања кон часовникот со датум и час.

Што има во менито “Подесувања”?

Подесувања на профилот

Прва опција во менито Settings и во неа го внесувате корисничкото име и лозинката на MyKi. Во истото мени можете да додадете нов часовник, ако на пример имате уште едно дете. Од истото мени може и да се отстрани часовникот од сметката и да го избришете.

Инфо за часовникот

Ова е мени во кое го гледате id-то на часовникот, неговото име и бројот на SIM картичката.

SOS број

Во менито SOS and Family Numbers ќе видите три полиња, во кои можете да ставите три мобилни телефони, на кои MyKi ќе ѕвони по ред додека не се поврзе со некој од SOS листата со броеви. Притиснете го копчето SAVE/сочувај. Потоа тестирајте со MyKi – притиснете и држете го SOS копчето. MyKi ќе иницира веднаш појдовен повик кон првиот SOS број кој сте го додале во апликацијата.

Интервал за ажурирање

Од ова мени се поставува на кој период сакате часовникот да испраќа податоци до серверот.

SMS известување

Во ова мени можете да означите во кои ситуации сакате да примате SMS и тоа, во случај да е притиснато SOS копчето, во случај батеријата на часовникот да паѓа или во случај дека детето го тргнал часовникот. Од Вас зависи која функција сакате да е вклучена , дали една, ниту една или сите.

Дозволени броеви

Тоа се броевите кои можат да се јават на часовникот. Може да се бришат и заменуваат во секое време. Не е потребно сите полиња со броеви да бидат пополнети.

Телефонски именик

Тоа се броевите на кои часовникот може да се јави. Се внесуваат со имиња. Може да се бришат и заменуваат во секое време. Не е потребно сите полиња со броеви да се пополнети.

Режим не вознемирувај

Ако родителот не сака часовникот да испушта звуци во одредено време на пример за време од 1 час, може да го внесе тоа во “Режим не вознемирувај”.

Заштеда на батерија

Во случај на потреба родителот може да го активира режимот за заштеда на батеријата. На овој начин лоцирањето ќе биде значително поретко, но сепак во случај на потреба ќе има врска со детето.

Што да сторам ако ја заборавам лозинката ?

За добивање на лозинка во апликацијата корисникот треба да го притисне копчето “Заборавена лозинка” на првата страница на апликацијата. Ќе му биде побаран бројот на родителот кој е внесен при регистрацијата. Ако внесениот број е точен на часовникот ќе биде испратен код. Со овој код родителот може да добие пристап до часовникот.

Зошто не добивам известувања?

Веројатно сте забраниле добивање на известувања. Ако сте со iPhone, одете во менито Settings и во Notifications дозволете на MyKi Watch да добива известувања. Ако сте со Android, во менито Settings> More> Application Manager, најдете апликацијата MyKi Watch од листата со апликации на вашиот телефон и дозволете добивање на известувања.

Регистрација на втор часовник во истата апликација

Во менито “Подесувања” и подмени “Подесувања на профилот”, има опција – “Додај нов часовник”.

Може ли да управуваме еден часовник од два или повеќе телефони?

Потребно е само да му дадете корисничко име и лозинка на лице кое ќе процените дека може да има пристап. Доволно е да внесат податоците во апликацијата во менито “Settings”. Препорачливо е да не ги редистрибуирате овие податоци на надворешни луѓе.

Гарантни услови

Кога важи гаранцијата?

Во случај до две години по купувањето на производот со документите кои ќе го докажат неговото купување и при правилно и соодветно користење без траги од насилно однесување и експлоатирање на часовникот истиот да престане да работи или било која од функциите престане да работи.

Гаранцијата престанува и не важи во следниве случаи

1. Ако часовникот е во пост-гарантниот рок
2 .Во случај на непочитување на упатствата за користење на производот
3. Без фискална сметка или фактура за купување
4. При неправилна и несоодветна експлоатација и третман
5. Ако е нарушен интегритетот на производот
6. При неправилно или лошо складирање или транспорт
7. Ако производот е мокар или влажен
8. Ако е менуван, удрен, искршен и / или се правени други обиди да се наруши изгледот
9. Ако е стопен
10.При обид за измени и / или отстранување на дефектот без согласност на дистрибутер или од неовластен сервис
11. Кога има неусогласеност меѓу податоците во документите и самиот производ или обид за фалсификување
12. Кога дефектите се случуваат како последица на природни катастрофи (грмотевици, поплави, пожар).

Дополнителни инструкции:

Ако MyKi по купувањето има слаб екран и речиси не се гледа ништо на него, може да се направи замена  со фискална, фактура и часовникот.

Ако MyKi нема опсег – можно е да не е регистриран коректно во базата ќе треба да се врати часовникот за преглед во продавница со документите за докажување на купување.

Не најдовте одговор на Вашето прашање? Пишете!