Општи услови

Општи услови

null

Општи услови за користење на MyKiТМ часовникот

Содржина:

I. Дефиниции
II. Општи одредби
III. Обврски на КОРИСНИКОТ
IV. Приватност
V. Мобилна апликација
VI. Промени
VII. Други услови

I. ДЕФИНИЦИИ

  1. Локација – содржи информации за физичка локација на уредот. Оваа информација се добива преку 12 GPS сателити и преку базните станици на мобилните оператори.
  2. Историја на локацијата – содржи информации за физичката локација на уредот во период од последните 30 дена.
  3. Текстуални пораки – преку уредот е достапна информација за сите дојдовни непрочитани текстуални пораки. Во апликацијата е достапна информацијата за сите појдовни текстуални и дојдовни гласовни пораки од уредот во период од последните 30 дена.
  4. Телефонски именик – содржи 5 броеви меморирани од страна на корисникот со име и број кон кои уредот може да реализира појдовни повици. Броевите од именикот можат да бидат внесувани, менувани и бришени исклучиво преку апликацијата.
  5. SOS броеви – дава можност на корисникот на апликацијата да определи 3 броја кои ќе можат да реализираат дојдовни / појдовни повици од / кон уредот. За активирање на итен повик е потребно SOS копчето на уредот да се притисне за 5 секунди. Во случај на итен повик уредот снима звук од околната средина. Во исто време на апликацијата се испраќа локацијата во времето на притискање на SOS копчето.
  6. Аудио пораки – Во уредот е достапна опција за снимање и испраќање на гласовни пораки кон апликацијата. Во апликацијата е се достапни сите дојдовни аудио пораки од уредот за период од последните 30 дена.
  7. Историја на настаните претставува информација во апликацијата за последните 100 дејствија извршени од уредот со конкретен дата и час.
  8. Дозволени броеви – дава можност на корисникот на апликацијата да определи 5  броеви од кои ќе може  да се вршат дојдовни повици кон уредот;
  9. Повици – овозможува дојдовни / појдовни повици од / кон уредот.
  10. Известувања – текстуални пораки автоматски испратени од уредот, содржи информации при ниски нивоа на батеријата како и податоци за ставање и симнување на уредот од раката на детето, додека притискате SOS копче, напуштање на безбедната зона или забрзување.
  11. Функција загубен УРЕД – обезбедува можност за поврзување на апликацијата со уредот во случај на губење.
  12. Аларм – функција која нуди можност за будење и / или потсетување на детето за некој настан.
  13. Мерач на чекори – уредот содржи информации за бројот на чекори на дневна база. Од апликацијата е достапна информација и за растојанието и потрошените калории на детето кое го користи уредот.
  14. Движење при спиење – обезбедува информација за бројот на движења за време на спиењето на детето кое го користи уредот.
  15. Тивок режим – дава можност на корисникот на уредот да се намалува и зголемува звукот за време на ѕвонење или разговор.
  16. Зони на безбедност – дава можност на корисникот на апликацијата да утврди зона на безбедност. Во случај зоната да биде напуштена во неочекувано време уредот праќа известување. Зоната на безбедност не ја исклучува можноста за известувањата како што се ниско ниво на батеријата, ставање и симнување на уредот од раката на детето како и при зголемување на дозволениот лимит.
  17. Сензор за допир – дава информација на апликацијата во реално време во случај на тргање на часовникот од раката на детето.
  18. Ограничен лимит – дава можност на корисникот на апликацијата да ја одреди брзината на движењето на уредот, по надминување на лимитот уредот испраќа известување. Функцијата помага за следење на брзината со која се движи детето. Во случај на ситуација каде детето се вози во автомобил или во друго возило потребно е брзината однапред да биде зголемена. Ако изненадно брзината се зголеми уредот веднаш испраќа известување и SMS.
  19. Чат и гласовна порака – претставува можност за пишување на пораки до уредот со максимум 20 карактери. Ова ограничување е неопходно, бидејќи подолг текст не ќе може да биде прикажан на екранот на MyKiTM. Но, може да праќате неограничен број на пораки. Во исто време постои можност за добивање гласовни пораки од уредот.

II. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Чл. 1.(1) ОПШТИТЕ УСЛОВИ ги регулираат односите помеѓу “АЛТЕРКО РОБОТИКС” ЕООД, ЕМБС 202320104 (во понатамошниот текст АЛТЕРКО) и секое лице (правно или физичко), кој го користи мобилениот уред со назив “MyKiTM часовник” (во понатамошниот текст КОРИСНИК), во врска со купување на “MyKiTM часовник” (во понатамошниот текст УРЕДОТ) и услугите кои ги нуди, а се сопственост на АЛТЕРКО.
(2)“АЛТЕРКО РОБОТИКС” ЕООД обезбедува уреди и услуги заедно со  „ТЕРА КОМУНИКЕЈШНС“ АД.

Чл. 2. УРЕДОТ претставува часовник со дизајн по избор и е опремен со кабел за полнење, упатство, гаранција и SIM картичка.

Чл. 3. Уредот ги нуди / содржи следните функции:

  1. Одредување на локација;
  2. Историја на локацијата;
  3. Текстуални пораки;
  4. Именик;
  5. SOS броеви;
  6. Аудио пораки;
  7. Историја на настаните;
  8. Дозволени броеви;
  9. Повици;
  10. Известувања;
  11. Функција изгубен часовник;
  12. Аларм;
  13. Мерач на чекори;
  14. Движења при спиење;
  15. Тивок режим;
  16. Зона за безбедност;
  17. Сензор за допир;
  18. Дозволен лимит;
  19. Чат и говорна порака;
  20. Награди.

Чл. 4. Во процесот на купување на уредот, неговата употреба и користење на апликацијата можат да бидат земени лични податоци.

Чл. 5. За целите од чл. 4, корисникот дава согласнот и доброволно  ги дава личните податоци.

III. ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ

Чл. 6. (1).Со купување на уредот од http://myki.watch/myki-2 и со активација од страна на Корисникот се изјавува дека Корисникот е запознаен, прифаќа и се обврзува да ги почитува овие ОПШТИ УСЛОВИ. Општите услови можат да се ажурираат во секое време без посебно известување на корисниците. АЛТЕРКО не сноси одговорност ако Корисникот не се запознал со овие Услови. При користење на УСЛУГИТЕ Корисникот се обврзува да ги почитува овие Услови, како и сите други услови поставени од законодавството на Р. Македонија и меѓународното законодавство, дури и да не се наведени во овие Услови.
(2). Корисникот ги регулира своите односи со мобилниот оператор така што SIM картичката во часовникот да функционира нормално и да се користат услугите и подесувања на операторот неопходни за функционирање на часовникот.

Чл. 7. АЛТЕРКО не е одговорен за било каква штета или загуба и нарушување на гарантните услови настанати поради непочитување од страна на корисникот и на одредбите од овие Услови.

IV. ДОВЕРЛИВОСТ

Чл. 8. Прифаќајќи ги овие Услови, Корисниците се согласуваат ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ да бидат обработувани од страна на АЛТЕРКО по електронски пат. АЛТЕРКО го задржува правото да ги користи податоците на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случаите кога тоа е неопходно за почитување на законот, во правни постапки или за да се испочитуваат овие Услови.

V. МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА

Чл. 9. Апликацијата обезбедува можност за пристап до уредот и е достапен за мобилните уреди (паметни телефони и таблети) со оперативен систем “Android” и “iOS”.

Чл. 10. Инсталирањето на апликацијата е бесплатно и може да биде симната од “Google Play Store” и “App Store”.

Чл. 11. Апликацијата дава можност за постојана врска со уредот и со детето кое го користи уредот.

Чл. 12. По извршување на регистрацијата по чл.18, апликацијата ги обезбедува следниве можности на целосна контрола на:

  1. Одредување на локацијата на уредот;
  2. Следење на историјата на настаните;
  3. Следење на историја на тековна и претходна локација на уредот, како и одредување на безбедни зони и времетраењето на престој во нив;
  4. Испраќање на текстуална и говорна порака до уредот;
  5. Контрола над аларм за будење и / или потсетник за некој настан;
  6. Секојдневна проверка на историјата на активноста на уредот за 30 дена наназад;
  7. Додавање на броеви во уредот и контрола на влезните и излезни повици и гласовни и текст пораки;
  8. Воведување на дефинирани имиња и броеви во именикот на уредот на кои можат да бидат реализирани појдовни повици и целосна контрола на SOS и дозволената листа со броеви;
  9. Одредување и контрола на дозволениот лимит и зоната за безбедност на уредот;
  10. Добивање на сите појдовни од УРЕДОТ известувања.

Чл. 13. (1). По инсталирањето на апликацијата, Корисникот ги воведува во регистарска форма следниве податоци:

  1. корисничко име;
  2. лозинка;
  3. идентификациски код на УРЕДОТ;
  4. сопствениот телефонски број;
  5. телефонски број на УРЕДОТ.

(2). По внесување на податоците УРЕДОТ добива идентификационен код кој треба да биде потврден во формуларот за регистрација.

Чл. 14. АЛТЕРКО не сноси одговорност при нарушување на функционирањето на програмата или техничкото обезбедување од страна на операторот во однос на интернет или на телекомуникациските врски во и / или надвор од земјата ако корисниците не можат да ја користат апликацијата делумно или целосно.

Чл. 15. (1). Во случај SIM картичката да е заменета или отстранета од УРЕДОТ, АЛТЕРКО не е одговорен за  компактибилност со друга поставена картичка од страна на корисникот на истото.
(2). Во случај на системски неправилна употреба на УРЕДОТ вклучувајќи неправилно полнење на батеријата, непочитување на гарантните услови и неправилно чување, АЛТЕРКО не сноси одговорност за квалитетот на работата на УРЕДОТ.

Чл. 16. АЛТЕРКО не сноси одговорност за последиците, вклучувајќи евентуални штети предизвикани од или поврзани на каков и да е начин со пристапот, употребата или неможноста за употреба на апликацијата. Сите информации во апликацијата се обезбедени во согласност со важечкото законодавство, без гаранција од страна на ТЕРАКОМ во случај на злонамерни напади од страна на трети лица.

VI. ПРОМЕНИ

Чл. 17. АЛТЕРКО го задржува правото да врши промени во сегашните ОПШТИ УСЛОВИ во секое време со навремено објавување на овие промени на веб страната и апликацијата.

VII. ДРУГИ УСЛОВИ

Чл. 18. АЛТЕРКО има право да ја менува технологијата и дизајнот на Апликацијата без претходно известување.

Чл. 19. Се она што не е уредено со овие Услови ќе се применува важечкото македонско законодавство.

Сите права се задржани!

“Алтерко Роботикс” ЕООД