-
MyKiTMРадост за децата, спокојство за родителите!Детскиот GPS / GSM часовник MyKiTM e уред од новата генерација, кој овозможува на родителите полесно да следат локации и да комуницираат со своето дете. Лесно е со MyKiTM!
Овој интелигентен часовник може да биде контролиран и подесуван од секој паметен телефон или таблет, како и преку веб пребарувач од секаде и во секое време.
Благодарение на високо технолошкиот развој и вградена SIM картичка, GPS приемник, микрофон, звучници и сензор за допир, MyKiTM е многу повеќе од часовник, MyKiTM e забава за Вашето дете и спокојство за Вас!
За потребите на децата, MyKiTM е изработен во три бои. За долготрајно користење, часовникот е направен од материјал кој е безопасен за децата, ремчето е изработено од мека гума, а екранот е дополнително заштитен со гума во облик на насмевка.
Повеќе за функциите на MyKi можете да прочитате во делот Прашања и одговори
Благодарение на вградениот во часовникот MyKiТМ модул, родителот добива информации во апликацијата MyKi Watch за локацијата на детето во секое време. Информациите за локацијата на вашето дете се обновува на секои пет секунди.
Секој часовник MyKiТМ има врска со операторот преку која се остваруваат разговорите помеѓу Вас и Вашето дете. Кога вашето дете е во затворен простор информациите за неговата приближна локација се надополнува преку базните станици на мобилниот оператор.
Благодарение на вградениот сензор за допир, Вие ќе знаете дали Вашето дете го носи часовникот или не во моментот.
Вградениот во часовникот акцелерометар ги мери чекорите и активноста на Вашето дете во текот на целиот ден и ги прикажува во апликацијата MyKi Watch.
Екранот е дополнително заштитен од гребење со убави гумени штитници во форма на насмевка. Екранот покажува датум и час, сите нови пораки и награди кои ќе ги испратите на детето, како и дојдовните повици.
MyKiTM помни се она што вашето дете е правело, а кај непредвидено губење на конекцијата со серверот повторно ги обновува сите информации.
Преку микрофонот и звучникот на GPS / GSM часовникот Вашето дете ќе може да разговара и да снима гласовни пораки кои ќе ги праќа до Вас преку чатот на апликацијата MyKi Watch.
Отворот се користи за полнење на часовникот MyKiТМ. Кабелот за полнење можете да го најдете во кутијата од MyKiТМ. Полнењето на уредот покрај во струја може и преку компјутер.
MyKiTM има вградена батерија која се полни со стандарден micro USB полнач. Можете да го полните часовникот како преку компјутер, така и преку електричната енергија.
13 – 18,5 см
Комплетот пристигнува во цврста кутија со MyKi часовникот во дизајн по Ваш избор и е опремен со кабел за полнење, упатство за употреба и гаранција.